Селби и Бресел ќе ја водат последната битка во легендарниот „Крусибл“ во Шефилд

Марк Селби и Лука Бресел ќе играат во финалето на Светското првенство во снукер во театарот „Крусибл“ во Шефилд. Натпреварот започнува во недела во 14:00 часот и се игра до освоени 18 фрејмови.

Во полуфиналето, по голема борба, Селби го совлада Марк Ален со 17-15. Селби имаше водство од 16-12, Ален се приближи, но Селби сепак успеа да ја заврши работата.

Во второто полуфинале Лука Бресел приреди уште еден спектакл. Белгиецот кој во четвртфиналето го елиминира Рони О'Саливен беше подобар од Кинезот Кси со 17-15. Бресел губеше со 14-6 и беше на работ на бездната, а потоа со 10 врзани фрејма целосно го сврте резултатот и на крајот славеше.

Марк Селби ќе се обиде да ја освои петтата светска шампионска титула, додека Бресел ќе има шанса за првпат да се запише во листата на победници во планетарното првенство.