Селби го победи О’Саливен и ја освои титулата „Стивен Хендри“

Четвртиот снукер-ас, Марк Селби ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Шкотска, откако во финалето беше подобар од Рони О’Саливен со 9-3.

Селби од стартот го надигра легендарниот снукераш и поведе убедливо, па О’Саливен не можеше да се врати. Така, Селби се закити со титулата „Стивен Хендри“ и дополнително освои премија од 70.000 фунти.

  • Последниот фрејм:

Импресивната низа на Селби продолжи и сега има 11 последователни победи во финалињата и 19 титули во својата кариера, израмнувајќи се токму со поранешниот играч чие име го носи турнирот кој го освои.