Се враќа Стивен Хендри, седумкратниот светски првак најави кам-бек во елитата

Хендри

Легендарниот Стивен Хендри ќе се врати на елитното играње снукер осум години по заминувањето во пензија.

51-годишниот шкотски шампион добил понуда за која размислувал подолго време и на крај одлучил да ги израдува фановите. Тој е рекордер по бројот на титули на Светското првенство во Шефилд со седум одличја.

„Возбуден сум што ќе имам можност да играм на некои турнири во наредните две сезони. По извесно тренирање со Стив Фини, се чувствувам посигурен во мојата игра“, изјави големиот шампион.

Јавноста се сеќава на неговата доминација во 90-те години, кога беше неприкосновен на секој турнир на кој што ќе се појавеше. Недостатокот на натпреварувачки дух во пензионерските денови е една од причините порад која Шкотот ќе му се врати на снукерот.

Хендри за многумина е најдобриот на сите времиња, но таа дебата се води подолг период и го вклучува актуелниот светски првак Рони О'Саливен.