Садики и Бојаџиев победници на вториот пул билијард Мастерс

Ибро Садики од Тетово е победник на второто коло на Државно првенство во американски пул билјард, во дисциплината „деветка“. На Мастерсот од Б дивизијата, кој се одржа во Гран клуб Скопје, второто место го освои Златко Ицановски оди Битола, а трет завршија Теодор Најденов и Дане Крстевски.

Вториот мастерс во амерички пул билјард, во дисциплината „деветка“, минатиот викенд се одржа во билијард клубот „Кај Петчи и Панчо“ во Битола. Победник на турнирот е битолчанецот Костантин Бојаџиев – Тино, кој со пет победи заслужено се закити со пехарот за освојување на турнирот. Флорим Мемеди од Тетово го освои второто место, а Христо Василевски од Битола и Тале Самарџиоски од Прилеп завршија како третопласирани. 

На Мастерсот настапија 32 натпреварувачки. Интересно е да се напомене дека дури тројца натпреварувачи од двете дивизии се на пиедесталот што укажува на тоа дека спортот има иднина и само тројца беа над 30 години.