ВИДЕО: Рони О'Саливен прдна среде меч, па го „местеше“ – судијата!

Популарниот Рони О'Саливен важи за еден од најдобрите во историјата на снукерот, а на натпреварите често прави сцени со кои знае да ја насмее публиката.

Така беше и овој пат, откако популарната „ракета“ почувствува тегоби во стомакот, па реши да прдне. Поради тишината додека траеше снукер-натпреварот, тоа се слушна и во преносот. Откако Рони го направи тоа, погледна кон судијата.

  • Моментот на средбата:

„Дали тоа го направи ти?“, запраша О'Саливен, со насмевка на лицето. Британецот потоа ја прифати одговорноста и кажа дека се шегува со арбитарот.