• Сашо Поповски
Популарниот снукер шампион Рони О'Саливен откри дека планира да замине во пензија за три години.
Англичанецот има шест светски титули и му треба уште една за да се израмни со рекордерот Стивен Хендри.
„Ќе смрдам уште три години, сакам уште три светски титули и го заслужувам правото да смрдам на некои натпревари. Потоа, ако не се подобри тоа, значи дека е време да го оставам спортот. Ја сакам оваа игра, но не можам повеќе“, рече О'Саливен.
Во тековната сезона 46-годишникот не одигра ниту едно финале.