„Ракетата“ О'Саливен го отвори првенството во Велс со победа за само 45 минути

Рони

Харизматичниот Рони О'Саливен започна фуриозно на првенството во Велс и со убедливи 4-0 победи на првиот меч.

На спротивната страна беше Роби Вилијамс, кој немаше сили да го сопре залетаниот противник. Англискиот снукер шампион ги освои четирите фрејма за само 45 минути игра.

По мечот очекувано не беше изненаден од својата форма, која го прави еден од главните фаворити за титулата на овој турнир.

Во второто коло О'Саливен ќе се сретне со искусниот Џими Вајт.