О'Саливен застана на првото место на ранг-листата по 2010 година

Рони Осаливен

Британскиот снукераш Рони О'Саливен ја освои титулата во велшкиот град Ландудно и се врати на челната позиција на ранг-листата по цели девет години.

Тој го надигра Нил Робертсон од Австралија со резултат 13-11 и се израмни по бројот на титули (36) со легендарниот Стивен Хендри.

  • Последниот фрејм од финалето:

„Никогаш не ме привлекуваше да бидам број еден, а да беше таков случајот, ќе играв на повеќе турнири. Би сакал да му честитам на Нил, како и Џад Трамп, кои оваа сезона заедно со мене се најдобри. Ќе бидам изненаден ако некој од нас не ја освои титулата на Светското првенство“, рече Британецот.

О'Саливен исто така рече дека освојувањето на првото место со толку мал број на турнири е „едно од најголемите достигнувања во спортот“ .