• Сашо Поповски

Англичанецот Рони О'Саливен направи пресврт и го освои трофејот на Светскиот Гран при турнир кој се одржа во Ковентри.
Шесткратниот светски првак во големото финале беше подобар од Нил Робертсон од Австралија со резултат 10-8.
Австралиецот има за што да жали на овој меч. Во завршницата испушти убава предност од 7-5, по која О'Саливен врза четири фрејма во низа и направи голем чекор кон конечното славје.
Ова е прва победа во финалињата за 46-годишникот од Вордсли по пет последователни порази.