• Горан Упале
Британскиот снукер играч Рони О'Саливен ја задржа позицијата број еден на светската ранг-листа.
Тој остана на врвот откако го совлада Кен Дорети со 5-1 во финалето на квалификациите на Вухан Опен.
Доколку не успееше да се квалификува во главната ждрепка во Вухан, О'Саливан ќе беше симнат од врвот на светската ранг-листа и неговото место ќе го заземеше Белгиецот Лука Брасел, кој нема да учествува на турнирот во Кина.
Седумкратниот светски шампион би можел да ја загуби својата позиција број еден доколку Марк Ален победи на турнирот во Вухан.