• Горан Упале
Британскиот снукер ас Рони О'Саливен ќе го пропушти овогодинешниот Мастерс од здравствени причини, објави „Би-Би-Си“. 49-годишниот Англичанец, кој за многумина е најдобриот на сите времиња, во првото коло требаше да се сретне со неговиот голем ривал Џон Хигинс.
Организаторот на Мастерсот вендаш повика нов натпреварува и замената на О’Саливен ќе биде Австралиецот Нил Робертсон.
О'Саливен освои осум Мастерс турнири во кариерата, а последната во 2024 година. Мастерсот ќе се одржи од 12 до 19 јануари.