О'Саливен победи за 37 минути: Како да сум на одмор тука, снукерот доаѓа како бонус

Легендарниот снукер играч Рони О'Саливен успешно го започна Отвораното првенство на Шкотска, па даде изјава во свој стил – дека се чувствува како да е на одмор.

По само 37 минути игра, Мајкл Георгиу мораше да му честита на еден од најдобрите во историјата, за победата во првото коло.

„Направив неколку добри брејкови и влегов во добар ритам. Размислував јасно, што е важно. Мојата игра никогаш не е далеку од посакуваното ниво, но ако размислувам на вистински начин, тогаш сè станува интересно.

За мене ова е како одмор. Тренирам двапати додека сум овде. Трчам наутро, одам во вежбална попладне. Снукерот доаѓа како бонус. Секако, сето ова го сфаќам сериозно, но животот е на прво место и сакам да уживам во него“, рече О'Саливен.

Следен ривал на легендарниот Англичанец ќе биде Кинезот Лианг Венбо. Отвореното првенство на Шкотска трае до 12 декември, а титулата ја брани Марк Селби, кој минатата година во финалето го победи О’Саливен.