О'Саливен: Писмото што ми го испратија не беше убаво...

Седумкратниот светски шампион Рони О'Саливен изјави дека е под притисок од World Snooker да поддржи пет колеги.

Лук Бресел, Џон Хигинс, Марк Селби, Тепчаја Ун Ну и Али Картер одлучија да играат на егзибицискиот турнир во Макао наместо на Отвореното првенство на Северна Ирска.

„Писмото што ми го испратија не беше многу убаво. Мислам дека досега направив многу добри ншта за снукерот.

Очекував некој да каже: „Знаете што, мислиме дека направивте многу за играта. Ни се допаѓа тоа што го даваш за овој спорт". Никогаш не добив писмо во кое ме фалат. Сè што добивам е писмо во кое пишува: „Ти го направи ова и она лошо“, рече О'Саливен.

Поради ова, против нив беа поведени дисциплински постапки, кои во меѓувреме се стопирани откако настанот во кинеската област беше поместен за декември. Но, не и против О'Саливен, кој ги поддржа.