• Горан Упале

Светската снукер ѕвезда Рони О'Саливен изјави дека титула светски шампион ја освоил само затоа што му било жал за телевизиската екипа која го следела.
Тимот беше со него во текот на целиот турнир во Шефилд за да направи документарен филм. О'Саливен ја освои седмата светска титула на втори мај и го израмни рекордот на Стивен Хендри, со победата во финалето против Џад Трамп од 18-13.
Во разговор со медиумите на отворањето на сопствената снукер академија во Сингапур, првиот играч на светот изјави дека немал личен мотив за освојување на титулата.
„Одамна одлучив - ако сум под преголем притисок или ако не уживам во нешто, можеби е подобро да загубам и да оставам некој друг да го заземе тоа место. И го почувствував тоа за време на Светското првенство оваа година. Но, ме следеше телевизиска екипа и мислев дека е подобро да дадам сè од себе за нив. И затоа ја освоив титулата. Не затоа што сакав да ја освојам. Само ми беше жал за телевизиската екипа“, рече О'Саливен.
О'Саливен беше озвучен во сите 17 дена од турнирот, а на телевизиската екипа ѝ беше дозволен пристап зад сцената, со цел да го сними неговиот настап не само на скукер масата, туку и надвор од неа.