О'Саливен: Не сум најдобар снукер играч во историјата

Има малку спортови во кои постои речиси универзален консензус за тоа кој е најдобар на сите времиња. Барем така изгледаше до изјавата што Рони О'Саливен ја даде за британските медиуми на почетокот на Светското првенство, кое традиционално се одржува во „Крусибл“ во Шефилд.

Во оваа култна зграда, О'Саливен ќе се бори за својата осма светска титула, со која би останал сам на врвот на листата на сите времиња пред Стивен Хендри. 

„Не се сметам себеси како најдобар снукер играч на сите времиња. Јас сум еден од најдобрите. Тука се и Стивен Хендри, Стив Дејвис (освои шест светски титули)... Мојата кариера е поинаква. Тие десет години ги нижеа своите успеси заедно, а јас се оддалечував, се собирав и се враќав како победник. Морав да играм подолго за да ги постигнам нивните достигнувања. Тоа само покажува дека работите што се случуваат надвор од масата може да влијаат на вашата игра. Хендри и Дејвис го немаа тоа - тие скроија сè за да се фокусираат на снукерот“, вели Рони О'Саливан.

Легендата го започнува натпреварувањето на Светското првенство во среда попладне кога ќе се соочи со Џексон Пејџ, 22-годишен квалификант од Велс.

Рони ја освои својата прва титула во Шефилд како 25-годишен во 2001 година, а ја освои во 2004, 2008, 2012, 2013, 2020 и 2022 година, кога со 46 години стана најстариот светски шампион во историјата.