• Горан Упале
Седумкратниот светски шампион, Рони О’Саливен ќе го пропушти „Велш опен“ поради, како што вели, зачувување на менталното здравје.
Светскиот рекет број еден веќе се повлече од Мастерсот во Берлин минатата недела за да му даде приоритет на здравјето. Сега тој најави дека ќе го пропушти следниот турнир.
„Сакав да ве известам дека нема да можам да играм во Ландудно следната недела. Тешко е да се опише, но со години страдав од страв на сцена придружена со вознемиреност. Тоа не е нешто што можам да го предвидам или контролирам, но ќе направам се што е во моја моќ за да се подобрам“, рече О'Саливен.
48-годишникот на овој турнир ќе работи како стручен консултант. О’Саливен четири пати го освојуваше „Велш опен“, а оваа сезона веќе го освои и „Мастерсот на Велика Британија“.