• Горан Упале
Рони О'Саливен, најуспешниот играч во историјата на снукерот, ја продолжува својата феноменална форма на почетокот на 2024 година. „Ракетата“ победи на Завршниот светски гран-при во Лестер, откако во финалниот меч го совлада Џад Трамп со 10-7 во фрејмови.
Голем пресврт беше забележан во борбата за трофејот, бидејќи помладиот од двајцата Англичани многу подобро го отвори мечот и поведе со 4-0 во фрејмови. Сепак, до крајот на попладневната сесија О'Саливен успеа да се консолидира и да оди на пауза со негатива од 5-3.
48-годишниот Рони потоа губеше и со 6-3, но влезе во сериоја од шест фрејма и на крај заслужено славеше со 10-7. Во Лестер, О'Саливен ја освои својата 41. титула во кариерата и чек од 100.000 фунти.
„Во полуфиналето против Динг го одиграв можеби мојот најдобар снукер. Морав да се борам против Џад - тој навистина е воин. Мислам дека ќе биде фаворит на Светското првенство оваа година. Сега имам големо искуство и мислам дека во моментов сум најсестраниот играч во кариерата“, изјави О’Саливен по новата победа.
Само седум дена претходно, О'Саливен го освои Мастерсот и стана најстариот шампион на турнирот. Тој е и најмладиот победник во историјата на ова натпреварување бидејќи првпат го освои во 1995 година.