• Горан Упале
Англиската снукер легенда Рони О'Саливен обезбеди пласман во финалето на Светското Гран При, откако со 6-2 во фрејмови славеше победа над својот сонародник Стјуарт Бингам.
Поискусниот подобро го отвори мечот и поведе со 1-0, но потоа О'Саливен фати ритам, врза пет фрејма и го реши прашањето на победникот. До крајот на мечот Бингам успеа само да го ублажи поразот.
Овогодишното Светско Гран При се игра во Ковентри, а право на учество имаат 32-тa најдоброрангирани играчи во тековната сезона. Шесткратниот светски шампион О'Саливен во финалето ќе игра против Австралиецот Нил Робертсон, кој во полуфиналето го победи Англичанецот Марк Селби со 6-3.
Победникот на турнирот ќе освои 100.000 фунти, додека второпласираниот 40.000 фунти. Финалниот me; се игра на 10 освоени фрејмови, а на програмата е денес од 14:00 часот.