• Горан Упале
Седумкратниот светски шампион Рони О'Саливен истакна дека планетарното првенство во снукер секогаш треба да се одржува во познатиот „Крусибл театар“ во Шефилд.
Англичанецот во неколку наврати во минатото изјави дека можеби е време Мундијалот да ја смени локацијата, но по најновата титула ставот е тој да остане на оваа локација.
„Крусибл е историско место. Атмосферата е неверојатна, сите сме навикнати овде да се бориме за титулата најдобар во светот. Не сакам да заминам од тука“, истакна 46-годишниот ас.
Сепак, најпопуларниот снукер играч во историјата вели дека сè може да се промени под одредени услови.
„Можеби би се согласиле да заминеме од овде под услов да одиме во објект во кој се сместени 5.000 луѓе и да се удвои наградниот фонд. Или ако Кина излезе со понуда што не се одбива. Во сите други случаи остануваме овде, бидејќи Крусибл е домот на снукерот“, вели О'Саливан.
Во големото финале на штотуку завршеното Светско првенство во Шефилд, О'Саливан славеше над Џад Трамп со убедливи 18-13.