О'Саливен: Ќе морам да имам подобра сезона од минатата или нема да ме гледате

Седумкратниот светски шампион Рони О'Саливен и следната сезона 2023/24 година ќе ја започне како снукер играч број еден во светот.

И покрај тоа што оваа не успеа да ја одбрани титулата светски првак, губејќи во четвртфиналето од новиот светски првак Белгиецот Лука Бресел (10-13), О'Саливен ќе остане прв, откако триумфираше на Мастерсот во Хонг Конг и Турнирот „Шампион на шампионите“.

Листата на најдобрите е направена врз основа на заработката на турнирите во последните две години, па О'Саливен е прв со 886.000 фунти.

„Ќе морам да имам подобра сезона од минатата или нема да ме гледате“, изјави еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Бресел од десеттото се искачи на второто место, откако ја освои титулата во Шефилд со победата во финалето против Марк Селби (18-15) и заработи 500.000 фунти. Бресел инкасираше 876.500 фунти.

Трет е Марк Ален со 860.500, четврти Џад Трамп со 556.000, а петти е Селби со 549.500 фунти, благодарение на 200.000 што ги доби како финалист на Светското првенство.

Првиот турнир во новата сезона ќе започне на 26 јуни во Лестер, за кога е закажана Лигата на шампионите.