• Сашо Поповски

Рони О'Саливен и Џад Трамп ќе играат во овогодишното финале на Светското првенство во снукер кое традиционално се одржува во Шефилд.
Првиот фаворит одигра рутински меч и во полуфиналната фаза го исфрли Џон Хигинс со резултат 17-11. Сега ќе игра за рекордна седма титула, во обид да се израмни со легендарниот Стивен Хендри.
Помладиот финалист го доби драматичниот меч против ветеранот Марк Вилијамс (17-16). Полуфиналната фаза ја започна со убедливи 7-1, но му дозволи на ривалот да се врати во игра и да го направи дуелот значително поинтересен.
Првата финална сесија е закажан за недела. Светската титула лани ја освои Марк Селби.