• Горан Упале

Еден од најдобрите снукер играчи на сите времиња, Рони О'Саливен повторно ги одушеви фановите на овој спорт, по денешното фантастично полуфинале на турнирот Шкотска Опен, кој се игра за награден фонд од 405.000 фунти.
Откако разочара на шампионатот на Велика Британија и беше елиминиран уште на самото отворање на турнирот, на овој турнир „ракетата“ игра моќно, а вечерва беше творец на неверојатен пресврт против Кинезот Ханг Ли.
37-от играч на светот одлично го отвори полуфиналето и стигна до водство од 4-1, но О'Саливен како да се налути од лошиот старт и со пет перфектни фрејма се избори за победа од 6-5 и заслужено патува во големото финале.
Во борбата за титулата ќе се сретне со Марк Селби, кој вечерва во второто полуфинале со 6-1 го демолира Џонс.