• Горан Упале

Рони О'Саливен, еден од најдобрите играчки во историјата на снукерот, истакнува дека не е загрижен за серијата од пет порази во финалињата оваа сезона.
Популарниот снукер играч има нова шанса да го поправи лошиот впечаток и моментално се натпреварува на Отвореното првенство на Северна Ирска во Белфаст, каде го победи Стјуарт Карингтон во првото коло (4-0). Тоа беше негов прв меч од август, а во овој дуел стигна до 1108. сенчри во кариерата.
„Искрено, не сум загрижен за тие информации. Сè уште верувам во своите способности и сигурно можам да освојам многу повеќе титули. Искрено влегувам во ситуација да се правдам за сезоната во која играв пет финалиња“, се насмеа О'Саливен.
О'Саливен во својата богата кариера досега шест пати бил светски шампион. Само Стивен Хендри има повеќе трофеи од него, седум.