О'Саливен искрен: Тренирав многу малку за еден светски шампион

Иако се смета за еден од најдобрите на сите времиња, ретко кој очекуваше дека легендарниот Рони О'Саливен ќе триумфира на Светското првенство, пред сè заради долгата пауза и неговата неодлучност дали ќе игра на овој собир.

Сепак, фантастичниот Англичанец ги мина сите пречки и со победата над Кајрен Вилсон во финалето го грабне својот шести трофеј од најпрестижното снукер натпреварување.

„Да бидам искрен. Не тренирав доволно за еден светски шампион. Без разлика дали ми верувате, но јас немам каде да тренирам. Во текот на пандемијата еден пријател ми помогна и ми инсталира маса за да може да вежбам, но тоа не беа вистински тренинзи“, вели О’Саливен. 

Со новиот успех, О’Саливен е на само чекор до  рекордот на Стивен Хендри, кој сè уште е владетел со седум титули светски шампион.