ВИДЕО: О'Саливен играше со РОЗOВИ НОКТИ за поддршка на борбата против ракот на дојка

Рони

Рони О'Саливен ја изненади јавноста и на стартот од Отвореното првенство во Англија се појави со розoви нокти.

Британскиот шампион победи со 4-2 против Брајан Очолски, а овој гест го направи како поддршка на борбата против ракот на дојка.

„Еден мој пријател Ендру ми рече дали би ти пречело да направиш слика со такви нокти, јас реков заборави на слика, ако сакаш ќе одиграм натпревар или цел турнир...“, по мечот рече О'Саливен.