О'Саливен: Играњето снукер со мене е исто како играње тенис против Ѓоковиќ

Новак

Рони О'Саливен е голем фан на тениската игра и често знае при своите разговори со новинарите да спомне некој од најголемите ѕвезди.

46-годишникот долг период е меѓу најдобрите во светот. Начинот на кој што игра, кој е вистински проблем за неговите ривали, го спореди со Новак Ѓоковиќ и неговата доминација на терените.

„Поголемиот дел од времето играм на прилично високо ниво, што е навистина тешко за моите противници. Тоа е како да играш тенис со Ѓоковиќ. Можеш да го земеш првиот сет, да дадеш сè од себе, но потоа тој почнува да навлегува во тебе и го гледаш тоа на нивните лица: „Не можам повеќе да се справувам со тој човек““, изјави седумкратниот светски првак.

О'Саливен во изминатите две години покажа зошто е еден од најголемите на сите времиња и двапати на доминантен начин ја освои светската титула во Шефилд.