О'Саливен го победи Вилсон и ја освои шестата титула светски првак

Легендарниот снукер играч Рони О'Саливен се закити со титулата светски првак, откако во финалето го прегази Кирен Вилсон со 18-8 во фрејмови. 

Веќе пред последната сесија се знаеше дека O'Саливен ќе биди нов првак, со оглед на тоа што му беше потребно да освои само еден фрејм. О'Саливен уште еднаш покажа дека кога е сконцентриран и фокусиран, сам си ја гради победата. Така, денес Вилсон беше немоќен против ветеранот.

За искусниот снукерист ова беше шесто вакво одличје во неговата кариера, а до него стигна по пауза од седум години. Со титулата Рони се изедначи по бројот на истите со Стив Дејвис и Реј Рердоном, па пред него остана само уште Стивен Хенди.