• Сашо Поповски

Светскиот шампион Рони О'Саливен е на удар на англиската јавност поради кавгата која ја направи на дуелот со Марк Ален.
Аутсајдерот победи со 6-3, а Англичанецот не беше задоволен од гестикулациите и движењето на неговиот противник. Судијата се обидуваше на сите начини да ја прекине расправијата, но не можеше да излезе на крај со тврдоглавиот О'Саливен, кој инсистираше да ја докаже својата причина за реакција.
После размената на зборови, О’Саливен промаши чист удар, па противникот го искористи тоа за да запише победнички брејк од 66.
Ален се соочува со светскиот број еден, Џад Трамп, во сабота за место во финалето.