Нова глупост на О'Саливен: Гест со раката на СП кој заслужува секаква осуда (ВИДЕО)

Рони

Рони О'Саливен се пласира во осминафиналето од Светското првенство во Шефилд со сигурна победа над Дејв Гилберт.

Еден од најдобрите играчи на сите времиња се соочува со казна поради срамен гест на овој меч. Камерите го фатија како ја движи раката, по една промашена црна топка.

Големиот шампион наиде на осуда и многу веројатно е дека ќе добие финансиска казна за ова однесување.