• Иван Димовски
Неверојатно четвртфинале понуди Светското првенство во снукер, кое се одржува во англиски Шефилд.
Неочекувана елиминација претрпе славниот Рони О'Саливен по поразот од Стјуарт Бингам со 13-10. Најдобриот снукераш на светот и седумкратен светски првак падна во финишот од средбата и му дозволи на сонародникот да се пласира меѓу четирите најдобри
Во полуфиналето Бингам ќе се судри со Џак Џонс, додека вториот полуфинален пар го сочинуваат Кајрен Вилсон и Дејвид Гилберт. Интересно, ова е првпат во оваа фаза на натпреварувањето да има три квалификанти.