Неверојатната бајка доби среќен крај: Бресел стана нов снукер шампион!

Белгиецот Лука Бресел во понеделникот за првпат во кариерата стана светски шампион во снукер. Во култниот „Крусибл“ во Шефилд, тој го победи Марк Селби, четирикратниот светски шампион, со 18-15 во фрејмови.

28-годишниот Бресел со тоа стана четвртиот небританец кој ја освоил најпрестижната титула во светот на снукерот, а прв по 2010 година и Австралиецот Нил Робертсон.

Бресел пред последната сесија имаше одлична шанса за голема победа - водеше со 15-10, но Селби влезе во серија и намали на само два фрејма негатива. Сепак, Бресел ги докеча своите минути и на велемајсторски начин стигна до најголемиот успех во кариерата и инкасира 500.000 фунти. Покрај тоа, Бресел скокна осум места на светската ранг-листа и сега е пред само Рони О'Саливен.

„Белгискиот куршум“, како што е познат Бресел во светот на снукерот, дебитираше на ова натпреварување уште во 2012 година како 17-годишник и тогаш го собори рекордот на Светското првенство како најмлад учесник на сите времиња. Интересно е што до ова издание не победил ниту еден натпревар на Светското првенство.

Исто така, треба да се нагласи дека Бресел во полуфиналето го елиминира Кинезот Кси Џиахуаи, и беше автор на најголемиот пресврт во историјата на Светските првенства, откако успеа да врзе единаесет фрејма. Во четвртфиналето Бресел го шокираше светот на снукерот - покажа на што е способен победувајќи го најдобриот во светот - Рони О'Саливен. 

Бресел уште на самиот старт на шампионатот го привлече вниманието на снукер јавноста, откако откри дека за овој собир се подготвувал играјќи ФИФА со многу пива и во големо друштво.