Најдобар на сите времиња! О’Саливен по седми пат светски шампион во снукер 

Рони О'Саливен по седми пат во кариерата е светски шампион во снукер. Со победата против Џад Трамп, „ракетата“ сега се израмни со Стивен Хендри по бројот на светски титули.

Во големото финале О’Саливен беше поуспешен во сите сесии и на крај заслужено славеше со убедливи 18-13. Со денешното славје, О’Саливен стигна до својата 21-ва Грен слем титула и сега може да каже дека е најдобар на сите времиња! Претходно, легендата на оваа игра во „Крусибл“ славеше во 2001, 2004, 2008, 2012, 2013 и 2020 година. 

По првиот финален ден Рони имаше убедливо водство од 12-5, но Трамп во првата денешна сесија беше поквалитетен и успеа да намали на 14-12. Сепак, во кличните моменти повозрасниот речиси и да не му даде шанса на противникот и на убедлив начин дојде до својата седма титула во Шефилд.

Прегратката на двајцата ривали по мечот траеше речиси две минути, а потоа О’Саливен со солзи го прегрна и семејството.