• Сашо Поповски

Овогодишното издание на Светското првенство во Шефилд помина во знакот на Марк Селби.
37-годишникот од Лестер се израдува на четвртата титула, победувајќи го Шон Марфи во големото финале. Победникот дома однесе 500.000 фунти, а финалистот инкасира 200.000 фунти.
Селби стигна до 16-12, но Марфи покажа дека заслужено е во мечот за трофеј и се обиде да направи кам-бек. Најблиску што стигна беше 17-15, но тогаш направи промашување кое го чинеше конечен пораз.
Ова е четврта победа за вториот играч на светот во последните осум години.