Кои се најголемите спортисти во историјата? О'Саливен избра двајца

Легендарниот Рони О'Саливен ги смести Аиртон Сена и Мухамед Али меѓу најголемите спортисти на сите времиња.

За многумина најдобриот снукер играч во историјата моментално се натпреварува на Отвореното првенство на Северна Ирска, а во интервју за „Еуроспорт“ одговори на прашањето кој според него е најголемиот спортист во историјата.

„Може ли да изберам двајца? Ќе кажам дека тие се Мухамед Али и Аиртон Сена, тие се моите омилени спортисти“, рече Рони.

О’Саливен е надева дека ќе ја освои својата прва титула на Отвореното првенство на Северна Ирска, откако досега во финалето трипати загуби од Џад Трамп.