• Саше Љолес
Осумкратниот светски шампион во снукер, Рони O'Саливен, гневно и луто реагираше на обвинувањата од неговиот ривал во финалето на Мастерсот, Али Картер, кој изјави дека О'Саливен се однесувал срамно во текот на мечот.
The audio from Ronnie O'Sullivan's x-rated rant about Ali Carter. pic.twitter.com/Juv8CnEQXm
— Chris Hammer (@ChrisHammer180) January 16, 2024
Најуспешниот снукер-играч на сите времиња стигна до осмата светска титула, а потоа луто изјави дека „Картер мора да го среди својот живот“.
„Искрено, баш ми е гајле. Сите знаеме каков е тој, си има свои проблеми. Зошто има проблеми со мене, не ми е јасно. Не ми е јасно зошто се „фатил“ токму за мене.
Мора да посети психијатар и да ги смири мислите. Јас 20 години не зборував со него, а тоа ќе продолжи и во иднина. Самиот си го копа гробот и тоа ќе се одрази на неговиот проклет живот“, гневно изјави шампионот.
Рони O'Саливен победи по рекорден осми пат на Мастерсот во Лондон и во финалето го совлада Картер со конечен резултат 10-7. Ривалот имаше водство од 6-3, но легендарниот O'Саливен на крајот успеа со пресврт да дојде до уште еден значаен трофеј за своите витрини.