Белгиецот пред да го победи О'Саливен на СП откри дека бил „мртов пијан“

Лука Бресел приреди огромна сензација на Светското првенство во снукер и го елиминира бранителот на титулата Рони О'Саливен со резултат 13-10.

Белгиецот до најголемиот успех во кариерата стигна губејќи со 10-6, а потоа со серија од 7-0 го победи најпопуларниот и веројатно најдобриот играч во историјата на оваа игра. По триумфот над Рони, Белгиецот призна дека немал најдобра подготовка за планетарното првенство.

„Пред турнирот останував буден до шест или седум наутро, играв ФИФА со моите пријатели, пиев и не тренирав. Дури и кога го победив Марк Вилијамс во претходната рунда, бев „мртов пијан“. Пристигнав дома во шест часот наутро“, изјави Бресел.

Белгиецот досега во својата кариера ги освои Шкотскиот опен во 2021 година и Лигата на шампионите во 2022 година.