Кинескиот снукер играч Чен Цифан е суспендиран поради истрага за местење мечеви, соопшти Светската организација за снукер. За Цифан, 93-то рангиран играч во светот, суспензијата стапува во сила веднаш и ќе остане до крајот на истрагата. 27-годишниот играч има право на жалба.