Вон испиша историја и замина во пензија: „Никогаш не сум била понервозна“

Американската скијачка Линдзи Вон ја имаше последната трка во кариерата и замина во пензија од скијањето.

Вон ја заврши кариерата со стил, затоа што освои бронзен медал во спуст. По трката на која испиша историја, таа истакна дека никогаш не била понервозна.

„Ставив се на едно место. Кога ќе сумираме, ова е тоа што сакав да го направам како скијачка. Бев многу нервозна, како никогаш до сега. Сакав да ја завршам трката на вистински начин и успеав во намерата“, изјави Вон.

Американката со бронзата на СП стана најстарата жена освојувач на медал на овој голем собир. Воедно, Вон стана првата која успеала да освои медали на шест Светски првенства по ред.