ВИДЕО: Влхова најбрза во Леви, одличен кам-бек на Шифрин по десет месеци

Петра Влхова како најбрза мина низ цела на слаломската трка на патеката во Леви, Финска. Словачката скијачка заврши побрза од повратничката на патеките, Микаела Шифрин и запиша прва победа во првиот слалом во Светскиот Куп.

Во двете возења во Леви, Влхова собра само 0,18 секунди предност пред Американката и се радуваше на победата. Таа заврши со вкупно време од 1:50.11, додека Шифрин ја комплетираше трката со 1:50.29. Во интервал од една секунда се пласира и Австријката Лиенсбергер, која имаше време 1:50.68. 

За Микаела Шифрин ова беше прва трка во Светскиот Куп по пауза од десет месеци, па второто место зад Влхова со минимално заостанување е одличен „кам-бек“ на патеките.