Вајрајтер ја заврши скијачката кариера на 30 години

Тина

Ќерката на скијачките легенди Хани Венцел и Харти Вајрајтер, Тина Вајрајтер, им соопошти на своите фанови дека заминува во пензија.

30-годишната скијачка од Лихтенштајн двапати го освои малиот кристален глобус во супервелеслалом, а во кариерата победи на девет трки. Поради коронавирусот, нејзината последна желба, да се пензионира во „Кортина Д'Ампецо“ не беше остварена.

„Сè има крај, па исто така и мојата кариера во скијање. Многу уживав во трките, затоа сум благодарна на мојот спорт. Сè што сум денес е поради скијањето“, изјави Вајрајтер.

Седум од деветте победи скијачката од Лихтенштајн ги оствари во омилената дисциплина „супер-џи“.