• Иван Димовски
Македонскиот скијач Ставре Јада заврши на последното место на трката на 10.000 метри, односно десет километри во класичен стил на Светското првенство во нордиско скијање.
На трката во Норвешка нашиот претставник имаше од 36:27,4 минути, што беше за повеќе од осум минути побавно од „златниот“ Јоханес Клаебо. Сепак, во генералниот пласман Јада не е последен, туку котира на 107. позиција бидејќи двајца скијачи не ја завршија трката.
Ова беше втор мундијалски настап на Ставре Јада, откако претходно заврши солидно на 126. позиција од вкупно 182 скијачи на спринтот. Веќе утре Македонецот го очекува тимски спринт на 1.300 метри во комбинација со Дарко Дамјановски.
Инаку, сите три места на подиумот беа за домашните скијачи, бидејќи зад Клаебо се пласираа Валнес и Амундсен.