Спектакуларна слаломска победа на Клемен Ноел во Шладминг

Францускиот скијач Клемен Ноел победи на ноќниот слалом во Шладминг, во рамките на Светскиот Куп. Ноел со вкупен резултат од 1:48.97 минути стигна до својата десетта победа на Светскиот Куп.

Втората позиција ја зазеде Швајцарецот Рамон Сенхојзерн, со време од 1:49.04 минути, додека третото место го зазеде Норвежанецот Лукас Братен со резултат 1:49.35 минути. Меѓу првите пет се најдоа Австриецот Мануел Фелер и Лоик Меилар од Швајцарија.

Во генералниот пласман за слалом лидер е Братен со 430 бодови, додека на второто место е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со 389 бода.