ВИДЕО: Швајцарски хет-трик на спустот во Кран-Монтана

Швајцарскиот скијач Фрањо фон Алмен заврши како најдобар на Светскиот Куп во спуст во Кран-Монтана. Светскиот шампион во спуст победи на својата домашна патека со време од 1:56,07 минути, а на подиумот се пласираа и сонародниците Марко Одермат и Алексис Моне.

Одермат заостана 0,13 секунди зад победникот, а третопласираниот Моне 0,42 секунди. Во пласманот за спуст води Одермат со 445 бодови, втор е Фон Алмен со 372 бодови, а третото место е за Моне со 260 бодови.

Во генералниот пласман на Светскиот Куп, Одермат води со 1.146 бодови и има 400 бодови пред вицешампионот Хенрик Кристоферсен од Норвешка.

Скијачките возбудувања од Светскиот Куп ќе продолжат во недела со почеток од 10.30 часот со супервелеслаломот.