ВИДЕО: Швајцарецот Фојц победи на спустот во Бивер Крик

Беат Фојц од Швајцарија победи на вториот спуст во новата сезона. Во американскиот зимски скијачки центар Бивер Крик, искусниот Фојц низ целта мина со време 1:12.98 минути. Второто место го поделија Австриецот Винсент Крихмајер и Французинот Јоан Клари кои доцнеа 41 стотинка зад победникот.

Фојц со 160 бода е нов лидер во спуст, а во генералниот пласман на врвот останува Австриецот Матијас Мајер.

Утре во Бивер Крик се вози вториот велеслалом сезонава.