Штрасер најдобар на слаломот во Кицбил

Германскиот скијач Линус Штрасер заврши како најдобар на слаломот кој во рамки на Светскиот Куп се одржа во Кицбил.

Штрасер до победата дојде со време 1:40.36 минути, благодарение на второто добро возење во кое беше на ниво. Второто место му припадна на Кристофер Јакобсен од Шведска, а трет беше Швајцарецот Даниел Јуле.

За Штрасер ова беше трета победа во кариерата. Во генералниот пласман во слалом прв е Фелер со 395 бода, втор е Штрасер со 208 бода, додека трет е Мекграт со 192 бода.

Во генералниот пласман на Светскиот Куп лидер е Марко Одемарт од Швајцарија со 1.156 бода, пред Французинот Сипријан Саразан со 660 бода.