ВИДЕО: Шмидхофер најбрза на спустот во Лејк Луис

Австријката Никол Шмидхофер е победничка на втората трка во спуст за Светскиот Куп, откако вечерва на снегот во канадскиот Лејк Луис прва мина низ целта. Со време 1:49.92 минута, Шмидхофер мина низ целта пред Американката Микаела Шифрин, која задоцни само 13 стотинки.

Третото место го освои Франческа Марсаља од Италија, која оствари за 43 стотинки подобро време од Шмидхофер.

Во генералниот пласман лидер останува Шифрин, а во спуст водечка е Ледецка од Чешка, која по вчерашната побда, денес заврши на четвртото место.