ВИДЕО: Шифрин доминантна во Кронплац, го надмина рекордот на Линдзи Вон

Американската скијачка Микаела Шифрин доминираше на денешната велеслаломска трка во Кронплац, Италија, која што се возеше во рамките од Светскиот Куп.

Откако на почетокот на јануари се изедначи со својата сонародничка Линдзи Вон со 82 победи, на Шифрин ѝ требаше само уште еден успех за да стане скијачка со најмногу победи во историјата на Светскиот куп.

Сепак, нејзина цел е да го надмине апсолутниот рекорд, кој е во сопственост на Швеѓанецот Ингемар Стенмарк. За тоа ѝ се потребни уште четири победи.

На денешната трка втора беше Швајцарката Лара Гут-Бехрами, а трета Италијанката Федерика Брињоне.