• Горан Упале

Американската скијачка Лорен Макуга победи во супервелеслаломската трка од Светскиот Куп што се одржа во Сент Антон, Австрија. Макуга победи со време од 1:17.51 минути и го забележа првиот триумф во кариерата во Светскиот Куп. Второто место го зазеде Стефани Фенир од Австрија со заостанување од 0.68 секунди, а трета заврши Италијанката Федерика Брињоне со 0.92 секунди заостанување.
Американката Линдзи Вон беше четврта со заостанување од 1,24 секунди, а Лара Гут-Бехрами од Швајцарија беше петта со 1,26 секунди заостанување.
Гут-Бехрами е прва на табелата за супервелеслалом со 205 бодови, пред Италијанката Софија Гоџа која има 160 бода и Австријките Корнелија Хутер и Макуга кои се на третото место со по 158 бодови. Брињоне е петта со 150 бодови.
Во вкупниот пласман во Светското Куп, Брињоне е прва со 479 бода, пред Зринка Љутиќ од Хрватска со 456 бодови и Швеѓанката Сара Хектор со 447 бодови.