ВИДЕО: Шифрин ја продолжи хегемонијата, освои мал кристален глобус и во супер-џи

Рекордите кои ги поставува Микаела Шифрин сезонава се сериозен предизвик за годините кои доаѓаат. Американката денес го освои четвртото место во супервелеслалом во Солдеу и со овој пласман го потврди малиот кристален глобус во оваа дисциплина. 

Победничкото возење на Викторија Ребенсбург: 

Германката Викторија Ребенсбург триумфираше денес на снегот во Андора, победувајќи ја Австријката Топлер. Шифрин беше четвра, но во оваа дисциплина собра 350 бода, 43 повеќе од Шмидхофер од Австрија.

Шифрин со малиот кристален глобус во супервелеслалом: 

Во генералниот поредок Шифрин има предност од 769 бода во однос на Влхова од Словачка на две трки пред крајот.