Олимписката шампионка ги скрши двете потколеници на тренинг

Италијанската скијачка Софија Гоџа ја повреди десната нога за време на тренингот во велеслалом, соопштија од Италијанската федерација за зимски спортови (ФИСИ).

Додека италијанскиот печат пишува дека 31-годишната Гоџа ги скршила двете потколеници и дека сезоната за неа е завршена, ФИСИ наведува дека „лекарската комисија сè уште не поставила никаква дијагноза“, а прегледот ќе се изврши во наредниот период. Олимписката шампионка во спуст во 2018 година е петта во генералниот пласман во Светскиот Куп и лидер во спуст.

Сезонава неколку скијачи се здобија со тешки повреди во Светскиот Куп, меѓу кои Словачката Петра Влхова, швајцарската скијачка Корин Зутер, Норвежанецот Александар Омот Килде, Французинот Алексис Пантуро и Австриецот Марко Шварц.

Американката Микаела Шифрин, лидер во Светскиот Куп, го повреди левото колено за време на спустот во Кортина Д'Ампецо, но би можела да се врати на патеката претстојниот викенд.